Ивон Величковски со злонамерни навреди провоцира меѓуетнички тензии
Ивон Величковски ја помината границата на слободата на говор и шири злонамерни навреди и провоцира меѓуетнички тензии. Дали е ова по налог на ДУИ?
Во објавата, која се однесува на трагичниот настан во Кочани и истрагата што следува, Ивон Величковски алудира на етничка селективност со изразот: „Хапсимо Шиптаре и држимо се Вучића“.
Според јавноста коментарот е крајно непримерен и потенцијално опасен, особено поради употребата на навредлив етнички термин кој носи историска тежина и силна стигма.
„Иронијата има граници. Кога се користи термин како ‘Шиптари’, без оглед на контекстот, се поттикнува дискриминација и омраза“, коментира корисник на социјалните мрежи.
Познавачи на правната проблематика истакнуваат дека, иако станува збор за политички коментар, институциите би требало внимателно да го следат ваквиот дискурс.
-Кога јавна личност користи етнички навредливи термини, дури и во форма на критика, тоа лесно може да се сфати како поттикнување на нетрпеливост. Овде не се работи само за намерата, туку и за ефектот врз јавноста, вели еден правен експерт.
Дополнително, според Кривичниот закон, секој што преку говор, текст или друг начин ќе поттикне или разгорува национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост, може да сноси кривична одговорност, особено ако тоа го стори јавно и преку медиуми.
Иако слободата на говор е загарантирана со Уставот, таа не е апсолутна и не вклучува право на ширење омраза. Во контекст на чувствителни меѓуетнички односи во државата, вакви изјави, вез разлика дали се сатирични или не, мора да бидат предмет на внимателна анализа од страна на надлежните институции. Одговорноста на јавните личности не завршува со намерата, туку и со последиците што нивните зборови ги оставаат во општеството.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.