Жан Железарски е затвореникот на кого кучката Цеца „му го земала“ часовникот додека играле
Осудениот Жан Железарски е затвореникот кој зборувајќи на мобилен телефон ја барал дрогата префрлена во дворот на затворот „Штип“, а затворските полицајци наводно трагале по скап часовник кој кучката Цеца му го зела додека играле. За него, директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, рече дека е познато лице од подземјето. На македонските затвори им се врати пред речиси четири години, а претходно беше во двегодишно бегство.
Железарски е осуден во случајот „Детонатор“. Овој случај се водеше за обид за убиство, злосторничко здружување, лихварство и измама. Железарски доби 14,5 години затвор, а по закани упатени кон судијката Весна Димишкова, имаше дополнителни две години затвор.
Но „Детонатор“ не е единствен случај. Бројни се пресудите против него. Го гонеле за телесни повреди, насилство, оштетување туѓи предмети, давање лажен исказ, предизвикување општа опасност, загрозување на сигурноста.
Скандалот со дрогата, часовникот и кучката Цеца е последен во низата за затворскиот систем, како и за Железарски. Сега, поради тоа што го оставиле со мобилен и наместо да му го одземат си се поздравиле – ќе одговараат полицајците кои му помагале за дрогата односно за да го најде часовникот земен од Цеца. За полициските службеници се води дисциплинска постапка, а ќе се достави и кривична пријава, најави Пандов.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.