Дипломатскиот пасош не ѝ носи имунитет на првата антикорупционерка, која е под истрага за корупција
Актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во случајот “Адитив“ не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на Антикорупциска, а воедно не може да гласа и да распределува предмети.
Димитровска, завчера беше изведена пред Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје, кој одлучувајќи по предлогот на Обвинителство, и определи мерки за претпазливост и забрана за преземање на одредени работни активности.
Димитровска лани доби дипломатски пасош од Министерството за надворешни работи за да може да патува без чекање во ред за пасошка контрола со останатите граѓани при напуштање и при влез во Македонија. Останатите 6 члена исто така побараа, но не добија таква привилегија. Првиот човек на МНР, Тимчо Муцунски, кој беше гостин во „Тема на денот“ на „Сител“, рече дека тоа што Димитровска има дипломатски пасош, не значи дека има посебен имунитет. Според него, логично е таа од етички и морални причини да си даде оставка.
Самиот дипломатски пасош на наш граѓанин не значи дека тој ужива било какви права поврзани со некоја форма на имунитет. Што значи дека истиот не може да влијае на самата постапка која се спроведува од нашите органи и во моментот кога ќе престане функцијата на таа поединечна личност, секако МНР ќе го одземе тој дипломатски пасош. Логично е кога сте опфатени со ваков тип на постапка, почитувајќи ја и презумпцијата на невиност, ова го велам пред се како човек, не како министер, логично е дадете оставка. Тоа не треба, според мене, да влијае на кредибилитетот на сите останати членови на таа комисија, рече Муцунски.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.