Гол маж прошета пред скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, полицијата го уапси

Гол маж прошета пред скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ во строгиот центар на градот, предизвикувајќи шок и вознемиреност кај присутните, пренесува порталот Република.

Настанот се случил во близина на училиштето, во период кога во околината имало поголем број средношколци и граѓани. Очевидци велат дека сцената била вознемирувачка и дека не знаеле дали станува збор за лице во психичка криза или провокација.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници веднаш излегле на терен, реагирале брзо и лицето било приведено и спроведено во полициската станица Центар.

Во моментов полицијата работи на утврдување на идентитетот, како и на причините за ваквото однесување.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK