Во Свети Николе откриен угостителски објект на земјоделско земјиште: Непријавени вработени, без хидранти и план за евакуација – Утврдени низа неправилности

На ден 12.04.2025 година од страна на полициски службеници од ОВР Свети Николе во соработка со претставници од ДПИ, ДТИ, ДСЗ, какo и претставници на локални институции извршена е контрола на угостителски објект во Свети Николе сопственост на лицето А.К..

-При што биле констатирани низа неправилности: неисполнување минимално технички услови за работа, непријавени вработени, непоседување на проценка, план, правилник и елаборат за заштита од пожари, немање систем за детекција за дојава од пожари, немање план за евакуација, немање хидранти и доволен број на ПП апарати согласно и друго, информира МВР.

Констатирано било и дека објектот е дивоградба односно нема градежна дозвола и се наоѓа на земјоделско земјиште.

На сопственикот му е издадено решение за забрана користење на објектот.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK