ВМРО-ДПМНЕ со водство 5:1 спрема СДСМ, Мицкоски води наспроти Филипче со 9:1

ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на партијата Христијан Мицкоски со најголема доверба кај граѓаните, покажува најновото истражување на МКД.мк и Маркет вижн.

ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на партијата Христијан Мицкоски со најголема доверба кај граѓаните, покажува најновото истражување на МКД.мк и Маркет вижн.

На прашањето „За која политичка партија ќе гласате на наредните избори?“, високи 51,7% одговорија во корист на ВМРО-ДПМНЕ, додека само 10,9 би гласале за опозициската СДСМ.

Според резултатите од анкетата ВМРО-ДПМНЕ се на прво место, на второ место е коалицијата Вреди, па следуваат ДУИ, СДСМ, Левица, ЗНАМ…

Анкетирањето беше спроведено од 20 март до 17 април со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%).

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот во 2021 година.

Во однос на политичките партии, како и на претходното истражување од декември минатата година, Христијан Мицкоски ја има довербата на најголем дел од испитаниците. Прв е Мицкоски, втор Ахмети, трет Филипче кој има ист рејтинг како Таравари.

На Мицкоски му веруваат 25,4 отсто од испитаниците, а на второто место е Венко Филипче со минорни  3,8%. Во албанскиот кампус и натаму најпопуларен политичар е Али Ахмети (6,2%).

Но, вкупниот рејтинг на лидерите на партиите од коалицијата Вреди (Изет Меџити, Билал Касами, Арбен Таравари и Африм Гаши) е поголем од рејтингот на Ахмети. Сепак, меѓу нив, најголем е рејтингот на Таравари кој се подготвува да ја напушти коалицијата Вреди.

Апасиев и останатите се во рамки на статистичка грешка, околу 2 насто доверба…

Според истражувањето на јавното мислење во Македонија, за првпат проблем број 1 со кој се соочува нашата држава беше криминалот и корупцијата, последното истражување на МКД.мк покажува дека македонските граѓани сметаат дека денес тоа е економијата. Истраживањето на МКД.мк, кое од 20 март до 17 април го спроведе агенцијата Маркет вижн, во однос на рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски и натаму се во убедливо водство.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK