Бујар Османи со дозвола од СДС водел задкулисни преговори за етнички прашања
Со своето писмо, Бујар Османи директно призна дека водел задкулисни преговори за етнички прашања за Македонците, со дозвола од СДС. Тоа е најсилен доказ за теснопартиското тргување со државните интереси, далеку од очите на јавноста и без легитимен мандат од граѓаните.
А што имаме ние од признанието на Бујар Османи денес, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија понижена, а европските интеграции никогаш подалеку.
Единствениот пат што го избрале СДС и Бујар е патот на понижување на Македонците. СДС го одобриле, а Бујар го спровел.
Нема поголемо лицемерие од тоа Бујар Османи да зборува за државни интереси.
Токму Османи е симболот на приватизацијата на државните институции за партиски и лични интереси на ДУИ. Тој, заедно со целата врхушка на ДУИ, две децении ја користеше државата како приватна сопственост за криминал, корупција и богатење на грбот на сите граѓани.
Преговорите за етнички прашања што ги водел Османи биле тајни, без знаење на јавноста, во функција на теснопартиските интереси на ДУИ, а не за доброто на државата.
Доколку навистина имал дозвола од институциите, прашуваме: од кои институции? Од сопартијците во Владата што ја водеше најкриминалната гарнитура во историјата на Македонија? Од Заев и Ковачевски? Тоа не е државен мандат. Тоа е мафијашка дозвола за тргување со иднината на Македонија.
Што се однесува до обвинувањата за „омаловажување на Албанците“, ВМРО-ДПМНЕ со гордост ја афирмира еднаквоста на сите граѓани без разлика на етничката припадност. Ние се бориме против криминалците од ДУИ, а не против Албанците. Османи и ДУИ се тие кои ги злоупотребуваат Албанците како алиби за својата корупција и криминал.
Бујар Османи треба да знае дека времето на приватизација на државата заврши. Македонија е на сите нејзини граѓани. Таа не е ниту на ДУИ, ниту на Османи, ниту на Заев, ниту на мафијата што ја ограбуваше со години.
Македонија ќе биде праведна држава за сите, без разлика на верата и етничката припадност, но и држава во која криминалците ќе одговараат.
Вистината е на наша страна. А вистината е дека Бујар Османи и неговата криминално-олигархиска дружина се минато, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.