77 патници во технички неисправен автобус испратени на осмомартовско патување од скопска агенција

Со автобус тргнале на осмомартовско патување од Скопје, а крајната дестинација била Будимпешта, преку скопска туристичка агенција. Но никој од 77-те македонски патници не знаел дека автобусот со кој патуваат не ги исполнува техничките услови- граничарите на австриската граница кога го ставиле на технички преглед, увиделе дека автобусот не може да вози и го исклучиле од сообраќај. Возачот кога тргнал да го паркира автобусот пукнале осовините, сведочи пред камерата на „Сител“, патник од ова патување.

По 4 часа чекање на граница, агенцијата испратила нов автобус за да ги спроведе до дестинацијата за која платиле во аранжманот. Патникот сведочи дека сите имале среќа што на австриската граница бил исклучен од сообраќај автобусот, бидејќи можело да настане голема трагедија. За случајот ги известил сите надлежни институции и испекторати, но одговор не добил. Од агенцијата му кажале дека автобусите ги изнајмувале од друга компанија, од каде што им потврдиле дека се технички исправни. Пола сума од парите за факултативите им била вратена.

Од агенцијата за Сител велат дека автобусот бил исправен, а можно е при патувањето да се случил дефект.

Целата сторија тука

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK