Љупчо Николовски намерно ги злоупотребил институциите, упатувал и закани кон сопственици на добиток заради политички реваншизам

Љупчо Николовски свесно и намерно ги злоупоребил институцииите за да наштети на фамилија од селото Жидилово. Лично упатувал закани кон сопствениci на добиток, а трите сестри кои чуваат добиток сметаат дека ова е класичен политички реваншизам. И покрај тоа што сестрите уредно платиле казна, Николовски продолжил со заканите. Се отвораат сомнежи дека само заради оваа фамилија тој го има сменето и самиот закон за да наштети ним

 

Четрстотини деведесет и три крави треба да одат курбан поради политички реваншизам. Сопственичките, три сестри, од кривопаланечкото село Жидилово обвинуваат дека целата хајка ја започнал поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, уште пред повеќе од една година. Семејството Ѓорѓиевски вели дека Решението во кое се наложува одземање на близу петстотини грла добиток, намерно не им било доставено на време, за да не можат да го испочитуваат рокот за жалба. Сметаат дека поранешниот министер, свесно и намерно ги злоупотребил институциите за да им наштети, објавува Алфа.

„Се мачеиме веќе седум години. Од претходната власт бевме принудени да избегаме од Македонија од нашата држава и да отидеме во Швајцарија. Се вративме бидејќи почнаа да го уништуваат татко ми. Тој се грижеше за говедата во тој период имавме околу 150, до 200. Продававме, но до таа бројка се држевме. Прво што му се случи го избркаа од работа. Љупчо Николовски точно знае ние кои сме. И лично заканувајќи се, упатувајќи закани кон мојот татко, телефонски и кај ѝ да го види, праќаше луѓе, да му се заканува да не работиме. Сакам да го прашам јавно господинот Љупчо, зошто тие решенија уредно не се доставени до нас“, изјави Јулијана Ѓорѓиевска, сопственичка на добитокот“.

Во Решението за одземање на стои дека добитокот наводно не бил чуван во соодветни услови со што е прекршен Законот за благосостојба на животните. Семејството Ѓорѓиеви, пак, вели дека се се темели на еден инспекциски надзор кој во суштина и не нашол некакви неправилности.

„Зад мене се наоѓа шталата во која семејството Ѓорѓиевски целиот живот го чувале добитокот, кои на почетокот во 2024 година властите преку ноќ сакале да им го одземат“

Трите сестри повеќе од една година ја водат оваа правна битка. Ја платиле предвидената глоба, но државата и натаму инсистира дека добитокот мора да биде одземен. Адвокатот Тони Менкиноски кој го ангажирале објаснува дека ова претставува класичен пример на политички реваншизам и злоупотреба на институциите. Поднесена е жалба и од Агенцијата за храна и ветеринарство се бара се поништи претходното решение и да не се одзема добитокот. Поднесени се и кривични пријави против вработени во Министерството за земјоделство кои го изготвиле решнието.

„Се работи за носење на решение за прекршок од страна на минатата власт согласно законот за безбедност и чување на животните. Овој закон мислам дека е донсесен наменски само за оваа фамилија, бидејќи ова е единствено прекршочно решение, со кое оваа фамилија се казнува поради својот политички перогатив кој го имаат, а е обратен на тогашната власт“.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека не можат да го коментираат случајот додека не заврши целата правна процедура. Семејството Ѓорѓиевски се надева дека институциите ќе постапат во нивна корист и дека нема да останат без говедата кои им се единствен извор на егзистенција. Велат дека нивниот пример само може да ги одврати младите луѓе да се занимваат со земјоделство и ќе ги поттикне да си заминат од Македонија.

Извор: ТВ Алфа

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK