Шест од повредените во Кочани вратени од странските болници, на шест лица им е пресадена кожа во Македонија
Шест пациенти го завршија лекувањето во странство и се враќаат во државата. Пет од нив се лекуваа во Србија, а еден во Италија. Пациентите ќе бидат примени на клиниките каде се лекувале пред да бидат транспортирани во странство. Таму ќе бидат задржани за тријажа, по што, ако нивната состојба дозволува, ќе бидат пуштени на домашно лекување.
Според информациите на МЗ, кај дел од пациентите што се лекуваат во странство има подобрување, но неколкумина се уште се интубирани и се наоѓаат во потешка здравствена состојба.
Во скопските болници се лекуваат 16 пациенти, кои се во добра општа состојба. По шест пациенти се сместени во болницата „8 Септември“ и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, а во приватните болници има четири пациенти. Кај 6 пациенти кои се на лекување во хируршката клиника Св. Наум Охридски веќе е извршена трансплатација на кожа.
Од Министерството за здравство велат дека ја следат состојбата на повредените пациенти, како и дека се посветени на обезбедување на повредените од несреќата во Кочани.
Од странските болници доаѓа и понудата за помош, доколку е потребна подолга рехабилитација на потешките пациенти. Во наредните денови, министерот за здравство, Арбен Таравари ќе каже каде би можело да се сместат овие пациенти.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.