ФБИ побара Конгресот да испита каде завршиле парите за Украина

Не се работи за тоа дека САД праќаат милијарда долари, туку дека испратениот износ до една земја е 100 пати поголем од милијарда – наведе Пател

Директорот на американското Федерално истражно биро (ФБИ), Каш Пател, побара од Конгресот да истражи како се користеле парите од помошта, испратени во Украина, објави порталот Јаху.

– Побарав од Конгресот да испита каде исчезнаа парите. Американскиот народ заслужува одговор бидејќи тоа се наши пари. Тоа се долари на нашите даночни обврзници – посочи Пател.

Тој, исто така, го критикуваше обемот на американската помош за Украина.

– Не се работи за тоа дека САД праќаат милијарда долари, туку дека испратениот износ до една земја е 100 пати поголем од милијарда – наведе Пател.

Тој го доведе во прашање и кредибилитетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, спомнувајќи го ракетниот инцидент во Полска.

– Зеленски излезе на светската сцена и рече Русија истрела проектил кон Полска, што би било воен чин. Се покажа дека Русија не истрела таква ракета – посочи Пател.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK