Приведено лице: Возел со брзина од 173 км на час на место каде е дозволено 80 км на час

При контрола на патниот сообраќај, било констатирано дека управувал патничко моторно возило „голф“ со брзина од 173 километри на час на место каде што дозволената брзина е 80 километри на час, соопшти МВР.

Вчера во 14.55 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар го лишиле од слобода З.С.(29) од с.Вруток, гостиварско.

При контрола на патниот сообраќај, било констатирано дека управувал патничко моторно возило „голф“ со брзина од 173 километри на час на место каде што дозволената брзина е 80 километри на час, соопшти МВР.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, потенцираат од МВР.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK