Претреси во домот на Деко и два угостителски објекти, одземени компјутери, мобилни и документација

Вчера од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Д.Ј., неговото возило „инсигниа“ и два угостителски објекти, како и во Државен пазарен инспекторат – Канцеларија Кочани, соопшти денеска МВР.

-Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети. Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација, соопшти МВР во врска со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“.

Во ДПИ-Канцеларија Кочани пронајден и одземен е еден компјутер, еден лап топ компјутер и еден таблет, како и целокупната документација поврзана со правни субјекти во сопственост на Д.Ј..

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK