Омерагиќ: Во ФФМ душмански се трошеле пари за нефудбалски работи
Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ во интервју за ТВ 21, зборува на повеќе теми и открива дека во последните две години федерацијата има потрошено 1 милион евра повеќе од тоа што има на располагање. Вели дека во младинските категориии имало коруптивни активности и дека во нашиот фудбал се носеле фудбалери со претходно искуство како диџеи.
„Од реалното работење, ФФМ во последните две години има потрошено 1 милион евра повеќе од тоа што има приходувано. Душмански се трошени пари, за нефудбалски работи“.
„Во младинските категории сум убеден, да не кажам дека имам и сеознанија дека имало доста активности кои слободно може да се наречат коруптивни“.
„Кај нас и диџеи се носеа како фудбалери и тука нормално домашните навивачи ги величаа, а позади себа немаа играно ни две години фудбал, туку беа диџеи“.
„Едно лице кое било вработено како надворешен соработник во ФФМ, на косовската ТВ се преставувале лажно. Тој рекол дека е прв и последен Албанец порпарол на ФФМ. Тој не бил порпарол, туку заменик портпарол и солидно бил платен за таа негова функција, скоро 1.000 евра“.
„Додека сум јас претседател на ФФМ нема да има поделби во фудбалот на македонци, албанци, турци, поделба по етничка припадност“.