Мртов маж пронајден во куќа во Стојаково

Вчера во ОВР Гевгелија е пријавено дека во село Стојаково, Општина Богданци, во семејниот дом бил пронајден починат Б.С.(66) од Стојаково.

Лекар констатирал смрт, без видливи траги на насилство.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK