МЖСПП изрече казна од 200 илјади евра поради загадувањето на Крива Река

Фирмата „Булмак 2016 ДООЕЛ“ од Пробиштип, подружница за Рудник Тораница ќе треба да плати отштета во висина од 200 илјади евра откако по вонреден извршен надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина било утврдено прекршок од трета категорија.

Тој се однесува на инцидентот од 14.03.2025 година, кога пукнала цевка за довод на технолошка вода која содржела Олово, арсен и цијанид, а отпадната вода се слеала во Крива Река по што водата во реката добила сива боја.

Според известувањето, дефектот е саниран и истекувањето е сопрено. БУЛМАК се согласил за спогодување и ќе се соочи со глоба од 180.000 до 200.000 евра, а одговорното лице може да биде казнето со максимални 10.000 евра. Министерот за животна средина, Изет Меџити, нагласи дека нема толеранција за загадувачите и најави продолжување на инспекциските контроли.

Од страна на државниот инспекторат за животна средина освен што е констатиран прекшок и парична казна кои се дадени на комисија за прекшоци во Министерството. Исто така е издадено Решение со кое се задолжува Булмак 2016 рудник тораница да преземат мерки од А интегрираната еколошка Дозвола со тоа што ќе треба да направаат проценка од страна на надворешни стручни лица во определен рок, дали има штета и во колкави размери.

По добивање на резултатите доколку има проценета штета на животната средина од страна на Државниот инспекторат за животна средина ќе се поведе соодветна постапка согласно законските регулативи. Во 2021 година Булмак имаат платено 90.000 евра казна ,2022 исто така 90.000 евра и 2025 е поведена постапка од 180 000 -20 000 евра прекршок до комисијата за при МЖСПП.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK