МВР го гони тепачот од Радовиш, тепаната бремена жена не, снимката била ланска

На тик- ток се појави видео како 35 годишна жена трпи насилство од својот тогашен партнер.. Иако е од минатата година, насилстовото одново ги отвори истите прашања во јавноста. Дали тој што тепа жена, ќе одговара.

По вознемирувачката снимка, а по пријава на мајката на жртвата 35 годишникот од Радовиш бил приведен па пуштен на слобода поради тоа што жената не сакала да го пријави.

Во разговор со полицијата изјавила дека видеото е од јули 2024 година, а нејзината мајка го објавила без нејзина согласност.

Бидејќи во конкретниот случај постои сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска став 1 од Кривичниот закон, каде во став 5 од истиот член стои дека гонењето се презема по поднесување на предлог за гонење, од жртвата било изјавено дека не сака да поднесе предлог и дека видеото било доставено од нејзината мајка, изјави портпаролот на МВР Гоце Андреевски.

Ги побаравме центарот за социјални работи-Радовиш за да добиеме став од социјалниот работник, но никој не креваше на нашите телефонски повици. Превенција и оснажнување на жртвите во однос на заштита кога вакво нешто им се случило, побараа од Хелсиншкиот комитет.

Според нашите информации жртвата живее со насилникот скоро една година, постојано трпи насилство, закани по нејзиниот живот, животот на нејзините блиски како и животот на луѓето кои што ја опкружуваат. Дали жртвата се согласила во смисла да се гони или не, мора институциите и ние да не ја осудуваме, изјави Тона Карева од хелсиншкиот комитет.

Со оглед на тоа што жената не сакала да го пријави 35 годишникот тој не може да сносни одговорност, па затоа Хелсиншки апелира обвинителството да искористи друго кривично дело се со цел да се заштити жртвата.

Би сугерирала и предложила да и ОЈО размисли за користење на некое друго кривично дело се додека не постојат измени во законите да може и кривични дела семејно насилство се гонат по службена должност, да искористи друго кривично дело кое што се гони по слуѕжбена должност со цел да ја заштитиме жртвата во конкретниот случај, вели Карева.

Дел од прашањата завршија и на адреса кај струмичката полиција. Дали овој насилник кој стана неславен на социјалните мрежи и претходно бил пријавуван или санкциониран од локалната полиција, и дали некогаш бил гонет за други кривични дела.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK