Кашиковски од ССМ со плата од над 50.000 денари, Трендафилов и луѓето околу него со енормни примања
Ова се луѓето кои додека ги лажат работниците за минималец, тие земаат плати неколку пати поголеми од тоа од синдикатот“, изјави Бране Петрушевски
Кашиковски од ССМ со плата од над 50.000 денари, Трендафилов и луѓето околу него со енормни примања, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Според информациите кои стигнаа до нас од свиркачи од ССМ, Стојанче Кашиковски, претседател на синдикатот на работниците од угостителството, туризмот и комунално-станбено стопанство остварува и дополнителни годишни примања покрај платата. Вкупните примања на Кашиковски во 2023 година, во кои влегува неговата плата и примања по други основи, биле над 810.000 денари“, додаде тој.
„Ова се синдикалците на Трендафилов и ССМ, не се знае кој од кој поголеми примања има.
Според свиркачите од ССМ, кои се разочарани од актуелното раководство, Трендафилов и луѓето околу него го претвориле синдикатот во приватна фирма.
Трендафилов и луѓето околу него одработуваат за нивните позиции по ноти на СДС, кои и ги поставија на нелегитимен начин.
Ова се луѓето кои додека ги лажат работниците за минималец, тие земаат плати неколку пати поголеми од тоа од синдикатот“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.