И по Заев, Курти: Руските пранкери го наместија косовскиот премиер (ВИДЕО)

Во соопштението од кабинетот на премиерот се наведува дека Курти добил толку многу честитки што „поради временските ограничувања не било секогаш можно темелно да се провери секој повик“

По Зоран Заев, Албин Курти е нова жртва на руските пранкери

На 11 февруари, два дена по парламентарните избори во Косово, Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров му се јавија на Курти, претставувајќи се како претседателот на Латвија. Медиумите наведуваат дека Курти разговарал за Србија, Русија и други теми со нив.

Во соопштението од кабинетот на премиерот се наведува дека Курти добил толку многу честитки што „поради временските ограничувања не било секогаш можно темелно да се провери секој повик“.

Канцеларијата на косовскиот премиер призна дека Албин Курти минатиот месец бил измамен од познатите руски комичари.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK