Затоа секојдневно паѓа довербата во судството – Бесија признала вина за злоупотреба на положба и добила условна казна???

Поранешната економска директорка на Клиниката за токсикологија со признание на вина неодамна е осудена во скопскиот Кривичен суд за злоупотреба на службената положба и овластување, објави „Слободен печат“.

Таа според обвинителниот предлог на јавното обвинителство, додека беше организациска директорка на Клиниката за токсикологија,  ги пречекорила своите службени овластувања со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица.

Бидејќи пресудата е со признание на вина, таа ќе остане осудителна и може да биде обжалена само санкцијата, но со оглед дека ѝ е досудена условна казна, најверојатно нема да има обжалување,стои во објавата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK