(Вознемирувачко видео) Насилник од Радовиш ја тепа сопругата во живо на „Тик-ток“, полицијата експресно го приведе

Вознемирувачко видео кружи на социјалните мрежи од лице од Радовиш кое ја тепа својата сопруга, а сето тоа е пренесувано во живо на „Тик-ток“.

Видеото ги вознемири корисниците на социјалните мрежи во земјава, кои упатија апели насилникот да биде веднаш приведен. На снимката жената не се гледа, но се слуша нејзиниот глас, а се тврди и дека таа е бремена.

Според информациите од полицијата, постапено е и лицето веќе е приведено во полициска станица по споделувањето на снимкта.

Се очекува СВР Струмица да излезе со сите детали во текот на утрешниот ден.

На социјалните мрежи се шират повеќе видеа од истиот насилник кој ја малтретира бремената жена. Како што дознаваме против истиот веќе има активен судски спор бидејќи претходно малтретирал и друга жена.

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK