(ВИДЕО) Казна за возачот кој со автомобил возеше по тротоар на Бит Пазар
МВР информира дека денеска полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и извршија службен разговор со Л.М. од Скопје, затоа што со патничко возило „ауди” со скопски регистарски таблички на 28. овој месец се движи по тротоар и по зелена површина на бул. „Гоце Делчев” на Бит Пазар во Скопје и со тоа ја загрози безбедноста на пешаците.
Снимка од настанот беше споделена и на социјалните мрежи.
Против Л.М. се поднесени соодветни поднесоци.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.