Фани Сорос јавно излажа дека владата на СДСМ го потпишала договорот за Стратешко партнерство со САД!

Антонијо Милошоски на средба со Кондолиза Рајс државен секретар на САД во администрацијата на Џорџ В. Буш каде го потпиша Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и САД, за кое Фани Сорос тврди дека е потпишан во време на владеење на СДСМ. Новинарот и водител, преку „360 степени“ солиден корисник на УСАИД фондовите не реагираше на кажаното…

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски објави статус на на социјалните мрежи.

„Се замолува потпретседателката на СДСМ да не ја манипулира јавноста, потенцира во објавата.“

Во интервју со Васко Попетрески, кој не реагираше на лагата на Фани, потпретседателката на СДСМ јавно излажа дека Владата на СДСМ го потпишала Договорот за стратешко партнерство со САД.

Во својот статус додаде и слика од Вашингтон (Washington DC, 7ми мај 2008) со Кондолиза Рајс државен секретар на САД во администрацијата на Џорџ В. Буш.

Сликата датира од периодот кога Антонијо Милошоски беше Министер за надворешни работи на Македонија

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.