Тодор Кулаков: Иронија на судбината или не, по прегазувањето на Фросина автомобилот го оставил пред нашата зграда
На прашањето што би им порачал доколку ги сретне судиката која одредила таква казна за Васил, родителите на Васил или лично Васил, таткото на Фросина, Кулаков со длабока воздишка одговори дека не би сакал да ги сретне.
Никој од семејството на Васил Јованов не изразил сочувство на семејството на Фросина Кулакова за нејзината смрт. Таткото на младата модна дизајнерка, Тодор Кулаков во денешното гостување во Дневникот на Сител истакна дека на лице место го видел таткото на Васил, но дури откако тој си заминал дознал кој бил човекот.
Кулаков истакнува дека ваквото однесување е доволен показател за какви профили на луѓе станува збор.
На прашањето што би им порачал доколку ги сретне судиката која одредила таква казна за Васил, родителите на Васил или лично Васил, таткото на Фросина, Кулаков со длабока воздишка одговори дека не би сакал да ги сретне.
– Дали е иронија на судбина или не знам што е веројатно понатаму времето најдобро ќе покаже но колата откако ја изгазил ќерка ми ја остава пред нашата зграда на „Партизанска“, четири трепкачи „Партизанска“ е празна. Кутрето што го водела под кола било, но не го видовме бидејќи ноќ е. Тоа можам да ви кажам, рече Кулаков.
Таткото на Фросина раскажа и дека пред да дознаат за смртта на својата ќерка, од домот ги слушале и виделе полициските возила и итната помош. Ѕвонеле на телефонот на Фросина, но откако таа не одговорила на нивните повици, почнале да се сомневаат во најлошото.
Не чека голема битка и нашиот одговор заедно со јавноста ќе биде уште по масовен и посилен. Протести ќе има и уште поголеми, ќе ги приклучиме од цела Македонија, ќе се организираме и пред сите институции од сабајле до вечер ќе стоиме, порача Тодор Кулаков.
Тој упати голема благодарност до целата јавност за поддршката.
Последно сознание, кое стигнало до нив, како што рече е дека сакаат Васил, да го претстават како да „шекнал“ од болка, а тоа е само поради фактот, подвлече, што им ги земаат телефоните и не можат да комуницираат и бараат друга институција каде да го однесат и да го бранат.
Бараме, потенцира, итна реакција од надлежните ова веднаш да се спречи.
Тој најави дека ќе бара експертиза и од Машинскиот факултет и од други независни тела. Според Кулаков, брзината со која возел Васил Јованов е над 160 или 180 километри на час.
Таткото на Фросина истакна дека ќе бараат максимална казна, казна доживотен затвор.
– Кога ќе се земе кумулативно и преку 40 години казна доаѓаат. Немал право да го возил автомобилот без возачка дозвола, поминувал на црвено, возел под дејство на алкохол, со трипати поголема брзина од дозволената. Ние ги живееме последиците од тоа. Ниту тој, ниту родителите немаат зрно каење, туку само гледаат како и овој пат да се заврши работата, рече меѓу другото Кулаков.
Прашан каков епилог очекувате од оваа судска постапка, како минимална утеха за Вашето семејство, Кулаков „утеха нема“.
Васил Јованов под дејство на алкохол, на црвено светло и без возачка дозвола смртно ја прегази младата Фросина Кулакова. Се случија низа протести за правда и за одговорност по информациите дека Васил и претходно се судирал со законот, но поминувал полесно.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.