Проширена истрагата за Адитив – Осомничени уште 8 лица

Адитив додаде нови 8 лица на списокот осомничени за криминал во ЕСМ. Петмина се приведени под сомнение дека ги переле парите добиени од тендерот на набавка на адитиви за РЕК Битола а од уште три лица се бара одговорност за злоупотреба на службената положба.

Обвинителството за овој случај отвори истрага уште пред крајот на минатата година и во неа тогаш опфати 23 лица. Од нив осуммина завршија во притвор, еден доби куќен а останатите останаа без пасош. Побегна само екс директорот Васко Ковачевски кој се уште е во бегство. За него распишана е и меѓународна потерница.

Тој заедно со уште 30 лица во моментов се сомничи за незаконска набавка на адитиви тешка над 6,5 милиони евра од мала фирма сопственост на братучетка на еден од поранешните директори на ЕСМ.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.