МИЦКОСКИ: Во завршна фаза се преговори за 15 нови инвестиции, овој месец темелник на една со 200 вработувања

Претседателот на Владата истакна дека овој тренд на инвестиции очекува да биде поголем до крајот на годината.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека во завршна фаза на преговори се со околу 15-тина инвестиции. Како што рече дел од нив се завршени, со дел преговараат, а со дел од нив сме во потесна конкуренција со некои други земји

-Очекувам дека со огромен процент на реализација овие инвестиции ќе бидат успешни. Очекувам овој месец на една таква инвестиција со нови 200 работни места и околу 25 милиони евра инвестиција, да се стави камен темелник. Друга да се пушти во април месец. Некаде меѓу март и јуни барем нови 5 инвестиции, да се стави камен темелник или да се донесе одлука за инвестирање во земјава, посочи Мицкоски.

Претседателот на Владата истакна дека овој тренд на инвестиции очекува да биде поголем до крајот на годината.

-Со засилувањето на инвестициите ќе бидеме во регионот држвата со најголем број странски директни инвестиции по глава на жител

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.