(Видео) Машки труп пронајден при градежни активности во Штип

Тело во распаѓање е најдено кај некогашните бунари на ЈП Исар во Штип, јавува телевизија Стар. На местото сега треба да се гради мегапарк.

„Телото е пронајдено при ископ, речиси на површината на земјата. Очевидци потврдуваат дека телото било покриено со гранки, на нозете немало чевли и дека се работи за маж во поодминати години“, јавува медиумиот.

Во тек е увид од страна на полицијата и јавен обвинител .

Од СВР Штип за МИА најавија дека повеќе детали и информации ќе соопштат во текот на денешниот ден.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.