Силен земјотрес го погоди местото Шигаце во Тибет во кој загинаа 95 лица, а 130 се повредени. Земјотрес со магнитуда 7,1 го погоди северното подножје на Хималаите во близина на светиот град во Тибет, а потресот бил почуствуван и во Непал, Бутан и Индија. Околу 1.500 пожарникари и спасувачи се ангажирани.
Исплашени луѓе ги напуштија своите домови и излегоа на улиците барајќи помош. Уништени куќи и срушени згради, оштетени покриви и разурнати улици се последици од земјотресот, а според локалните кинески власти се смета дека се оштетени над илјадници куќи и објекти.
Околу 50 последователни потреси беа регистрирани во три часа по земјотресот, а областа Монт Еверест на кинеската страна e затворена по земјотресот. Струјата и водата во регионот се во прекин.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 75 километри североисточно од Монт Еверест, кој се протега на границата. Областа е сеизмички активна и е место каде што се судираат плочите на Индија и Евроазија и предизвикуваат издигнувања на хималајските планини.
Кинескиот лидер Си Џинпинг повика на сеопфатни напори за спасување на луѓето, минимизирање на жртвите и преселување на оние чии домови се оштетени.
На спасувачките и пожарникарските екипи им се придружуваат и новинарите на пат кон областа погодена од земјотресот.
„Репортерите на кинеската новинска служба сега се на експресниот пат Ласа-Шигатсе, а пред нас, возило на националната комуникација за итни случаи се упатува кон областа на земјотресот. Во областа на земјотресот околу 19:40 часот, видовме и многу противпожарни возила кои се ределе да наполнат гориво патот, и тие беа целосно натоварени и подготвени за тргнување“ изјави Кунсанг Лхамо, репортерката на сервисот за вести на Кина.
Шигаце е дом на околу 800.000 луѓе и е еден од најсветите градови на Тибет. Регионот блиску до епицентарот е опкружен со изолирани села за кои се проценува дека живеат над 6 илјади луѓе.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.