Стоилковиќ: БМВ вредно 60.000 евра сега личи на „очерупена кокошка“, oставено во сервис и не е подигнато

Возилото е оставено во сервис и не е подигнато. А сервисот си постапувал согласно потребите кои му биле на дневен ред. Ваделе делови од него за нивните претпоставувам приватни потреби. Тоа истрагата ќе го утврди, рече министерот на настан во Министерството по повод Св. „Сава“.

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Сотилковиќ денеска во изјава за медимите кажа дека се откриени нови злоупотреби со имотот на Министерството. Тој посочи дека возило џип БМВ вредно 60 илјади евра било пронајдено во многу лоша состојба во сервис за поправка каде од него биле вадени делови и истите биле користени за потребите на сервисот.

-Најновата злоупотреба која пред некој ден е откриена а тоа е возилото џипот БМВ кое е во сопственост на Министерството е најдено во поприлично лоша состојба во еден од сервисите во кое се вршело порано поправката на возилото на Министерството. Тука веќе е ангажирано Министерството за внатрешни работи. Не сакаме да го подигнеме. Бараме записници, нема записници како е предадено, а сведоците велат дека е предадено во нормална состојба. Тој џип е вреден 50-60 илјади евра. Не можам да утврдам за што бил користен, меѓутоа можам да пренесам дека сега личи на „очерупена кокошка“. Јавноста кога ќе ги види сликите ќе процени како може еден сериозно скап автомобил од Министерството да биде оставено на милост и немилост на сервис каде се извадени вратите, извадени се делови од него, рече Стоилковиќ.

Вели дека е згрозен од начинот на кој се трошени не само средствата, но и како се управувало со ресурсите на Министерството.

– Возилото е оставено во сервис и не е подигнато. А сервисот си постапувал согласно потребите кои му биле на дневен ред. Ваделе делови од него за нивните претпоставувам приватни потреби. Тоа истрагата ќе го утврди, рече министерот на настан во Министерството по повод Св. „Сава“.

Стоилковиќ потенцира дека претходното раководство од касата на Министерството подигнало 37 илјади евра кои, како што рече, никогаш не биле вратени и се без никакво образложение.

-Триесет и седум илјади евра државни пари од касата на Министерството се подигнати и никогаш не се вратени без никакво образложение. Поднесено е до Финансиската полиција соодветна пријава. Очекуваме оттаму тоа што е работа на државните органи да си ја сработат. Очекуваме ад-хок ревизијата која ја спроведе Министерство за финансии да ви ги даде резултатите. Таму има најави за сериозни нарушувања на некакви правила и процедури во однос на трошењето на државните пари. За тоа се подготвуваме да дадеме информација на затворена седница на Владата и согласно одлуките и заклучоците кои ќе произлезат од затворената седница ќе ги доставиме тие наоди на ад-хок Државната ревизија до надлежните институции. Досега за она што е констатирано, за сето она за што имам дадено изјава во македонската јавност, е проследено до државни органи, рече Стоилковиќ.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.