Почнуваат чествувањата по повод Божиќ – вечерва е Коледе, утре Бадник, а вторник денот на Рождеството Христово

Божикната традиција продолжува, граѓаните се спремаат за вториот најголем христијански празник, според некои од нив Божик го празнуваат повеќе и поубаво и од Новата година. Тие велат дека на Бадник семејството се собира дома се прави пита со паричка или лебче и во зависност од местото на живеење потоа или пред тоа одат на огнови каде се забавуваат.

По коледарските огнови вечерва, онаму каде што се палат на овој ден, граѓаните утрината ги чекаат коледарчињата. Потоа се мести бадниковата посна трпеза, каде се врти и лепчето со паричка. Се смета дека кому ќе падне паричката него ќе го следи среќа и берикет целата година. На Божик се собира повторно целото семејство се поставува мрсна трпеза и се слави христовото раѓање.

„Божиќните празници ги празнуваме поубаво и од нова година. Значи ова е најголем празник за цел народ за сите православни и за сите православни на овој свет. Вечер на бадник во авто команда палиме оганч, славиме, се дружиме, се веселиме и сабајлето чекаме коледари на врата да дојдат. Тоа што ќе му падне на тој паричката му значи среќа здравје бериќет се.“

„Стара традиција, се меси вечерта лебче сето тоа е посно се прави поголема трпеза така да има се од овошје, пита, тиква, коштени јаболчиња тоа и се става паричка.“

„За бадник правам лебче со паричка го кршиме по обичајот на неколку дела колку членови од семејствата, едно за куќата едно за господ и така посна пита со париче гравче риба.“

„Дома со членови на семејството внуците ќе дојдат ќе запееме некоа коледарска песна и така натаму.“

Граѓаните се со поделени мислења околу палењето на огновите, дел сметаат дека треба да се палат мали огнови за да не се загадува дополнително воздухот, додека за оснтанатите, огновите не се причина за загаденоста на воздухот, бидејќи тој е загаден и пред и по коледарската ноќ.

„Традицијата не може никој да ја сопре, да се запалат мали огнови да се означи дека е празник инаку големи огнови како порано што се правеше да има малку разлика.“

„Не сум избегавал во последно време се препорачува да не се палат огнови, едно и за природата да биде почиста да не се загадува Скопје поготово и сега во последно време се намалува традицијата на палење на оган.“

„Па додека бев помлада да сега не, не можам загадено ми е времево и не можам да издржам, покасно ги палат огновите сега и.“

„Не треба да се пали но тоа е симболика од тој оган не е загадено Скопј, еве една година немаше оган па загадено беше Скопје. “

Божик е  празник кој се слави во спомен на раѓањето на Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.