Нов судски скандал: Еве како се „обработува“ судија од Апелација за потребите на една од странките

Обвинителството и судството имаат доверба во јавноста од само 2%, дека има причина за таа ниска доверба граѓаните гледаат докази преку сопствени искуства и сознанија кои ги добиваат секој ден. „Вечер“ објавува еден документиран доказ како се „обработуваат“ судии за да се пресуди во полза на „обработувачите“.

Се работи за, навидум, банална судска парница пред граѓански суд за развод и решение кој родител по разводот ќе биде примарен за престој и воспитување на детето, согласно условите за живот, карактерот и однесувањето на родителот како и утврдени потреби и склоности за комуникација на самото дете кои ги оценува надлежна, стручна социјална служба.

Пред основен суд во Охрид била поведена постапка за развод на брак и додела на малолетниот син, која постапка е поведена по тужба на тужителот (таткото) против тужената (мајката) и која постапка заврши со пресуда со која бракот се разведува, а малолетниот син се доделува на чување и воспитување и делумно издржување на таткото. Тоа е ставот и надлежната социјална служба која дава свое мислење и решение, и која во случајов има функција на стручна институција пред судот.

Во текот на оваа постапка, тужената поднела предлог за доверување на постапување на друг стварно надлежен суд (Скопје) по овој предмет до врховниот суд на РСМ, судот согласно ЗПП ја прекинал постапката и целиот предмет го доставил на Врховниот суд на РСМ. Врховниот суд предлогот на тужената за определување на друг стварно надлежен суд по предметот на основниот суд Охрид го одби како неоснован и затоа постапката била продолжена и завршена пред Основниот суд во Охрид.

Судот во Охрид пресудил развод и определување на детето престој кај таткото. Другата страна, мајката, поднесува жалба пред Апелација во Битола.

И тука почнува серозен проблем, намера за „обработка“ на судскиот совет и судии од Апелација во Битола за да ја укинат пресудата од Охрид и пресудат во полза на другата страна.

Тужената страна која пред Основниот суд Охрид го загубила случајот има сменето неколку адвокати во постапката. На крај, пред да дојде предметот во Битола случајно, или сепак не, се појавува адвокатката Гордана Сусулеска Илиќ, ќерка на Татјана Сусулеска, судијка на Апелација во Битола, судот кој треба да решава по жалба на страната каде ќерката на на судијката од Апелација во последен момент се вклучува во предметот како адвокат на таа страна.

Но, „обработката“ на судии од Апелација во Битола не завршува тука.

На 17 јануари, пред да решава Апелација Битола по жалбата на пресудата од Основен суд Охрид, случајно или – сепак не, бидејќи законот не дозволува такви случаи каде судии или членови на нивно семејство тајно се среќаваат со страни во спорот, значи сепак не е случајно – на паркинг на бензинска пумпа Макпетрол во Ресен се среќаваат Ѓоко Цветанов (на фотографијата свртен со грб) татко на тужената Невена Цветанова која го загубила спорот пред охридскиот основен суд и Тефик Алијоски, сопруг на судијката Пакизер Алијоска од Апелациониот суд во Битола која директно одлучува за пресудата на Апелација бидејќи е во тој судски совет.

Редакцијата на порталот „Вечер“ поседува и видео снимка од настанот, со ликовите на спомнатите како и од нивните возила на местото на настанот.

Веднаш по ова сознание Кирил Спасески, брат  тужител во граѓанскиот спор во Охрид, и по која пресуда треба да решава Апелација во Битола каде судијка е спомнатата Пакизер Алијоска, а член на Апелација во Битола е и новоангажираната адвокатка, ќерка на судијката Татјана Сусуслеска, значи Кирил Спасески по оваа средба поднесува кривична пријава до СВР Охрид против Гојко Цветанов и спомнатиот Тефик за корупција според член 353 од Кривичен закон на Македонија, прецизно за давање награда со цел вршење на противзаконско влијание.

Целиот текст на „Вечер“.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.