Нова провокација од Бугарија: Виктор Стојанов, кој има забрана за влез во Македонија ќе прави панихида за Мара Бунева

Виктор Стојанов претседателот на Фондацијата Македонија кој има забрана за влез во Македонија повикува на панихида за Мара Бунева в недела на 12 јануари на кејот на Вардар во Скопје и во црквата Свети Димитрија каде речиси секоја година се случуваат инциденти. Според неговата објава на социјалните мрежи, панихиди за Бунева ќе има и во Тетово, Струмица и во Прилеп.

Стојанов е еден од најголемите бугарски активисти и негатори на Македонците. Тој во последно време е особено активен во Албанија каде дели бугарски книги и учебници за македонското малцинство.

На 13 јануари се навршуваат 97 години од атентатот што го извршила Мара Бунева врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ во центарот на Скопје. Откако го извршила атентатот, таа се самоубила.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.