Земјотрес во Албанија од 4,1 степени, почувствуван и во Македонија

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска 14,39 часот регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 173 километри западно од Скопје, во Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда МЛ4,1.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во северозападните делови на Македонија со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.