За ДУИ разрешувањето на Даути било удар врз Охридскиот договор, срамен и реваншистички акт

„Парламентарното мнозинство презеде срамен и реваншистички акт, разрешувајќи ја Илире Даути од функцијата претседателка на Комисијата за социјална политика, само затоа што одби да го помине дискриминаторскиот закон што предвидува компензација само за „бранителите“ од 2001 година“, велат од ДУИ.

„Оваа одлука не е ништо друго освен директен удар врз Охридскиот договор и обид за негово поткопување на секој можен начин. Наместо да работи на единство и еднаквост, оваа влада дејствува со логика на исклучување и реваншизам. Ова е јасна порака дека Албанците во оваа држава сè уште се сметаат за граѓани од втор ред и дека нивната жртва за еднаквост никогаш нема да биде признаена од власт што е заробена во минатото. Вреди, како и досега, совршено ја одигра улогата на покорен слуга, одобрувајќи и молчејќи пред овој срамен чин. Ова уште еднаш докажува дека тие не се претставници на интересите на Албанците, туку слуги на оние што сакаат да ја поткопаат еднаквоста. Ги повикуваме сите Албанци да останат смирени, но да не ја прифатат оваа неправда со молк. Охридскиот договор е темелот врз кој е изградена мирот и стабилноста во оваа земја, и секој обид за негово рушење претставува закана за нашата заедничка иднина. Секој што денес мисли дека може да ја избрише историската вистина и да ја врати логиката на етничка доминација, треба да знае дека ќе се соочи со силна реакција од Албанците“, се вели во соопштението.

Со 61 глас Собранието ја разреши пратеничката Илире Даути од ДУИ од местото претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Taa не го почитувала Собранискиот деловник со тоа што не го ставила Законот за правата на бранителите на комисиска расправа и ги лишила пратениците од дебата за него.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.