(Видео) Маж и дете убиени со нож, неколкумина ранети во парк во Германија

Во баварскиот град Ашафенбург две лица загинаа, а некои се тешко повредени во напад во паркот „Шонтал„. Според првичните информации, околу 11.45 часот неколку лица биле нападнати со остар предмет.

Полицијата извести дека се повредени тројца возрасни и едно дете, пренесе „Билд“. Набргу потоа стигна потврда дека две лица загинале, а меѓу жртвите, пишува Билд“, има и дете.

Според полицијата, едно лице е уапсено, а нема други осомничени. Засега не е позната заднината на нападот, соопшти полицијата, но не се работи за терористички напад.

Сообраќајот на возовите на јужната станица бил запрен бидејќи осомничениот наводно се обидел да избега преку шините.

Паркот „Шонтал“, кој се простира на девет хектари, е широко ограден. Портпаролот на полицијата изјави дека нема опасност за јавноста. Зачестените патроли на полицајци во паркот би можеле да бидат причината поради која осомничениот беше толку бргу приведен. Ашафенбург се наоѓа во административната област Долна Франконија во Баварија, во близина на државната граница со Хесен.

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.