Ветото на Сиљановска, за ДУИ е координирана стратегија за „антиалбанско лудило“ и враќање назад кое нема да го дозволат

Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро ја осудува скандалозната одлука на претседателката Гордана Силјановска-Давкова за ставање вето на двојазичноста. Ова е отворен напад врз албанскиот јазик и обид за поткопување на правата на Албанците во Северна Македонија, велат од ДУИ во писмена реакција.

– Но, ова не е изолиран чин, туку јасно координирана стратегија. Прво, лидерот на ВЛЕН, Африм Гаши, јавно настапи со изјава со цел да го подготви јавното мислење против албанскиот јазик и да создаде алиби за овој чекор, а веднаш потоа, разгорениот антиалбански национализам се активираше за да негира и напаѓа сè што е албанско.
Ова е агресија против Албанците, во која влен свесно ја презема улогата на соработник.

Ова не е само удар врз јазикот – ова е обид за враќање на Албанците назад, за демонтирање на сите тешко стекнати права. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со поддршка на ВЛЕН, покажува дека нема никаков интерес за соживот, туку следи реваншистичка, антиалбанска и опасна агенда.

ДУИ има јасна порака: Албанскиот јазик не е монета за политичко поткусурување. Тој е уставно загарантирано право, а не инструмент кој оваа влада може да го користи по сопствена волја.

Им упатуваме повик на сите Албанци, сите граѓсни кои веруваат во соживотот, граѓанското општество и сите демократски сили во земјата да се мобилизираат и да не дозволат оваа срамна стратегија да се реализира. ДУИ нема да седи со скрстени раце! Ќе ги искористиме сите политички и правни механизми за да го спречиме ова антиалбанско лудило.

Претседателката и оваа влада треба да знаат едно: Албанците нема да дозволат да бидат избришани. Нашиот јазик е нашето достоинство, нашиот идентитет и нашата иднина – и ќе го браниме по секоја цена, се вели во реакцијата од ДУИ.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.