ЌЕ ИМА НОВИ ОБВИНЕНИЈА, а се се прекинуваат наследени проекти, еден е ФАЛСИФИКУВАНА БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 откри дека се прекинуваат многу наследени проекти.
Како што кажа, еден од нив има проблем со фалсификувана банкарска гаранција.
„Најголем проблем ни е со повлекувањето на кредити затоа што најголем дел од капиталните инвестиции односно проекти што ги наследивме од претходната влада. За жал многу од нив ги прекинуваме во овој период, проекти за кои очекувавме дека ќе има реализација, меѓутоа имаат објективни проблеми од типот фалсификувана банкарска гаранција, откриена во месец октомври, се раскинува договор“, вели Димитриеска Кочоска.
Таа не открива за кој проект се работи, но вели дека истиот се финансира и со средства од Европската Унија.
Таа најави нови обвиненија за поранешни функционери.
Како што вели, засега не може ништо да каже, но во тек се многу предмети.
„Финансиската полиција работи многу посветено, и тоа не на еден предмет, многу предмети се во тек“, вели Димитриеска Кочоска.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.