ЈА УДИРАЛА СО ЧЕКАН ДОДЕКА СПИЕЛА Ќерка се обидела да ја убие мајка си, Обвинителството покрена обвинение

Обвинетата со чеканот повеќе пати ја удирала мајката со чекан, а сведок на настанот бил таткото кој ја задржал и не ѝ дозволил да избега.

Обвинителството во Кавадарци поднесе обвинение против 32 годишната жена која се обидела да ја лиши од живот својата мајка, со која живеела во заеднички дом. Според обвинителниот акт, инцидентот се случил на 10 септември годинава, во семејната куќа во Кавадарци.

„Обвинетата, додека жртвата спиела, ја удрила со чекан повеќе пати во главата, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. Потоа чеканот го фрлила во дворот и го прекинала делото“, соопштуваат од Основното јавно обвинителство Кавадарци.

Сведок на настанот бил таткото на осомничената, кој ја задржал и не ѝ дозволил да избега по настанот.

Од обвинителството информираат дека вештачењата покажале дека обвинетата го сторила делото под дејство на психички растројства, комбинирана употреба на лекови и психоактивни супстанции.

„Делото е извршено во состојба на битно намалена пресметливост“, изјавуваат од обвинителството, посочувајќи дека тоа влијаело врз нејзината способност за рационално расудување.

Како што информираа од обвинителството, обвинетата останува во притвор.

„Поради сериозноста на делото и постоењето на законските основи, доставивме предлог до Основниот суд во Кавадарци за продолжување на мерката притвор за обвинетата“, велат од обвинителството.

Случајот продолжува да се разгледува, а јавноста ќе биде информирана за понатамошниот тек на судскиот процес.

Comments are closed.