РЕК Битола го ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ СО МАРКОВСКИ КОМПАНИ?

Несовесно и неквалитетно извршување на преземените обврски е причината за раскинување на договорот на РЕК Битола за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина со фирмата Марковски компани Борче ДООЕЛ, дознава МКД.мк.

Според нашите информации, фирмата не ги испочитува предвидените обврски за одговорно и совесно и навремено извршување на задачите согласно техничката спецификација. Марковски компани, како ангажиран оператор со неодговорно постапување, покрај тоа што во континуитет не успевал да ги испорача договорените количини на јаглен, директно ја загрозил енергетската стабилност на државата, велат нашите информации.

Од ЕСМ ја потврдуваат оваа информација. Од РЕК Битола повеќе детали најавуваат во текот на денот, пренесе МКД

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, со години предупредуваа за тендерите на компанијата, нереалните цени, но и поврзаноста со лица од СДСМ, особено со екс премиерот Зоран Заев.

Comments are closed.