Омерагиќ нов претседател на ФФМ, Пандев директор на репрезентациите, Најдоски и Ибраими советници
Фудбалската Федерација има нов претседател. Тоа е Масар Омерагиќ кој беше единствениот кандида по оставката на досегашниот прв човек, Муамет Сејдини, кој што се повлече од оваа функција на денешното вонредно Собрание на Фудбалската Федерација на Македонија.
Омерагиќ ја доби довербата од 62. присутни делегати на собранието и вети многу работа.Според него, резултататите не можат да дојдат преку ноќ а довербата мора да се оравда.
На предлог на Омерагиќ, членовите на Управниот одбор на ФФМ го избраа Марјан Стојкоски од ОФС Прилеп за потпретседател на Фудбалската федерација на Македонија на местото од досегашниот потпретседател, Лазар Ракиџиев.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.