Муцунски го враќа Мухаби Синани од позицијата генерален конзул во Њујорк, кој незаконски беше испратен од страна на Османи и Груби
На предлог на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски владата денес донела одлука за враќање на Мухаби Синани од позицијата Генерален конзул на државата во Њујорк, кој на оваа позиција беше испратен само неколку месеци пред парламентарните избори годинава.

Станува збор за кадар близок на Бујар Османи, кој на негов предлог и спротивно на законите прописи, само неколку месеци пред изборите, со потпис на Артан Груби, кој тогаш претседавал со владината седница, се упатува на дипломатска мисија – како Генерален конзул во македонскиот конзулат во Њујорк.
За потсетување, Диппломатскиот синдикат најостро реагираше бидејќи Синани не ги исполнува условите да биде упатен како Генерален конзул од редот на професионални дипложати, согласно член 35а од Законот за надворешни работи. Во тоа време, тогашниот министер Бујар Османи тврдеше дека таква одредба не постои во Законот бидејќи наводно истата била избришана.
Тука се поставува прашањето, дали со испраќањето на Синани на позиција за кој те не ги исполнувал потребните услови, е кривично дело направено од тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи и тогашниот втор човек на владата, вицепремиерот, Артан Груби кој тогаш ја потпишал одлуката за негово испраќање во Њујорк.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.