Македонец почина во зимски центар во Банско
51-годишен маж од Македонија почина на стазата Шилигарник над Банско во Бугарија, објави БГНЕС.
Веројатна причина за смртта на мажот е срцев удар. Локалната полиција соопшти дека нема видливи траги на насилство.
Мажот бил на одмор со семејството во зимскиот центар.
Пријава за пронајденото безживотно тело е направена во 16 часот и 17 минути.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.