Конечно: УЈП казнува и затвара и на Пластичарска и на Бит Пазар
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека Управата за јавни проходи пред неколку дена била на „Пластичарска“, но и на Бит Пазар каде затворила неколку дуќани и казнувала компании.
Како што вели, нивната цел не е да се затвораат и казнуваат компании, туку да се направат фер услови за секоја една компанија.
„Оние компании кои што се чесни, работат, си плаќаат, немаат никаков проблем со законот, продолжуваат исто така да работат. Фокусот ни е на оние кои што злоупотребувале“, вели Димитриеска Кочоска.
Министерката се осврна и на долговите во АД ЕСМ.
Според неа, тие се поради криминал и корупција.
„Да велиме дека претпријатието е во долгови поради тоа што субвенционира електрична енергија на ранливи категории… Не, претпријатието е во долгови поради корупција и криминал. Директорот никаде го нема, избега од државата, за кој што има кривична пријава“, вели Димитриеска Кочоска.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.