ДУИ се огради од Груби?
Дали, во превод, интегративците и Ахмети со ова се оградија од Артан Груби. Логиката вели дека ако ја „почитувате“ одлуката на Стејт Депарментот, тогаш се сложувате со неговиот криминал кој е посочен од САД и не го почитувате ставениот на црна листа.
„Ја почитуваме одлуката на Стејт департментот на САД.“ Ова е дел од кусата реакција на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во врска со одлуката на американскиот Стејт департмент да го стави нивниот висок функционер и поранешен прв вицепремиер, Артан Груби, на т.н. „црна листа“ на САД.
Дали, во превод, интегративците и Ахмети со ова се оградија од Артан Груби. Логиката вели дека ако ја „почитувате“ одлуката на Стејт Депарментот, тогаш се сложувате со неговиот криминал кој е посочен од САД и не го почитувате ставениот на црна листа.
„Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави и на зајакнување на демократските вредности и транспарентноста“, стои во ултра-кусото соопштение на партијата.
ДУИ нагласува дека партнерството со САД останува клучно за зајакнување на демократските вредности и транспарентноста.
Познавачите на состојбите во дилема, дали со ова Ахмети го „излизга“ Груби, својата довчерашна „десна рака“, кој по шлаканицата од Вашинготн сега е тотално неупотреблив како кадар за партијата.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.