ВИДЕО: Уапсен напаѓачот на жени за кој се алармираше на социјалните мрежи

Полициски службеници од Единицата за интерветна полиција при СВР Скопје вчера во 06:15 часот го лишиле од слобода Д.П.(26) од с.Кучевиште, скопско.

-Тој се сомничи дека во текот на 2024 година во околината на Транспортен центар во Скопје извршил повеќе кривични дела дела „разбојништво“ и „тешка краба“ на дрзок начин и за него на социјални мрежи пишуваа граѓаните, информира МВР.

Тој бил задржан во Полициската станица Аеродром и во консултација со јавен обвинител против е него е поднесена кривична пријава по брза постапка.

Судија на претходна постапка му определил мерка притвор од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката.

Основното јавно обвинителство Скопје информираше дека донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишник осомничен дека сторил повеќе кривични дела против имотот – разбојништва и тешки кражби.

-Жртвите биле жени или малолетни девојчиња, кои осомничениот ги напаѓал на различни локации во Центар и Аеродром и притоа им одземал чанти, ранци, паричници, накит, телефони и други вредни предмети. Обезбедени се докази кои даваат основано сомнение дека тој е извршител на најмалку пет вакви кривични дела, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 100.000 денари, информира Обвинителството.

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.