(ВИДЕО) Тошковски за обвинувањата од СДСМ: Поднесовме кривична против еден од полицајците на граничниот премин „Блаце“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговори на денешната прес-конференција на опозицискиот Социјалдемократски сојуз, од каде рекоа дека има „сериозни индиции за вмешаност на МВР и Тошковски“ во бегството на осомничениот поранешен вицепремиер Артан Груби на Косово.
Според Тошковски, МВР ги обезбедило сите докази и доставило известување до Обвинителството, а кривична пријава ќе биде поднесена по консултација со обвинителот.
Министерот вели дека МВР ќе поднесе кривична пријава против еден од полицајците на граничниот премин „Блаце“, за кого имале снимен доказ дека не постапил според прописите и му дозволил на Груби да излезе од државата.
Тошковски нагласи дека портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска денеска изнела класична клевета, но дека нема да ја тужи, затоа што смета дека на опозицијата треба да и се даде шанса да се оправи со тек на време.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.