(ВИДЕО) Морничави сцени во Фиренца – фудбалер на Фиорентина се онесвести на мечот со Интер, падна и го голтна јазикот

Страшни сцени на натпреварот Фиорентина-Интер, откако во 17 минута од средбата играчот на домашната екипа Едоардо Бове падна како покосен на средината на теренот.

Веднаш до него притрчаа соиграчите и фудбалерите на Интер кои се обидуваа да му го извлечат јазикот, а судијата ги повикуваше медицинските лица да дојдат да помогнат.

Бове беше опкружен со играчи на Фиорентина и Интер кои плачеа бидејќи и беа вознемирени од случката, а загрижени беа и лицата на навивачите на трибините.

Играчот на Фиорентина со возило на брзата помош е пренесен во болница, но засега нема информации за неговата состојба.