Блумберг: Македонија урна рекорд во странските инвестиции – прилив од 838 милиони евра за девет месеци
Инаку, податоците на Народната банка откриваат дека само во третиот квартал од годинава, приливот на странски директни инвестиции во Македонија достигна 281,6 милиони евра.
Странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и убедлив рекорд во изминативе дваесет години. Доколку приливот на странски инвестиции продолжи со исто темпо голема е шансата Македонија прв пат во историјата да оствари над милијарда евра странски дир
Само во првите 100 дена беа донесени 4 странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони евра, коишто ќе значат нови 1.600 вработувања.
Најпрво започна со „Aлказар Енерџи“, потоа германско-белгиска инвестиција „Епсотех Аим“ и американската „Вабтек“, како и германската „BMZ Group“.
Веднаш потоа се донесе нова германско холандска инвестиција од 8,5 милиони евра и 200 нови работни места на Бреинчајлд која ги потврдува нашите напори за развивање на економијата и иновациите на пазарот.
Пред една недела следеше и петтата инвестиција на „Костал“ од 50 милиони евра и нови 250 вработувања во следните 4 години.
ектни инвестиции во текот на една година, објави Блумберг.
Инаку, податоците на Народната банка откриваат дека само во третиот квартал од годинава, приливот на странски директни инвестиции во Македонија достигна 281,6 милиони евра.
Оттаму информираа дека во овој период има зголемени нето-приливи врз основа на меѓукомпанискиот долг (219,5 милиони евра), сопственичкиот капитал (39,9 милиони евра) и реинвестираната добивка (22,2 милиона евра).
Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, само што ја презеде власта веднаш се зафати со носење на странски инвестиции.