Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти

Корупцијата во ниедна форма не треба да се толерира, а таа носи и последици. Ова е пораката од амбасадорката на Соединетите американски држави Ангела Агелер по одлуката на Стејт Департментот на црната листа да ги додаде поранешниот вицеприемр Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети. Вели дека ставањето на двајцата на американсакта црна листа е за да се повикаат на одговорност поединци чии кримнални дејности ги поткопуваат безбедноста, стабилноса и вредностите на управуање.

Агелер не соопшти детали какви дејствија презеле Груби и Беџети. Според соопштението на Стејт Департментот, тие примиле мито за да влијаат врз предмет во кој обвинет бил пораншниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Прашана дали судијата посетувал обуки и тренинзи финансирани од САД, Агелер, рече дека најголем дел од судиите и јавните обвинители биле дел од обуките за кои потрошиле половина милијарда долари, ама не виделе поврат на инвестицијата. Ги повика македонските институции да преземат мерки за активностите на Груби и Беџети кои американските власти ги посочија за вмешаност во корупција.

Груби остана недостапен за коментар, на фејсбук напиша дека од медиумите дознал оти е ставен на американската црна листа. Пишува дека демократските вредности и во иднина ќе биле главен столб на секоја негова акција.

„Како човек кој мојот јавен живот го посветив на одбраната на западните демократски вредности и кој секогаш посветено работев за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, оваа одлука ме засега директно и лично. Ќе се обврзам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме со години за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање„

Ниту судијата Беџети не ја коментираше одлуката на американските власти. Без став се и во апелациониот суд, а став нема ниту од Судскиот совет. Единствено реагираше здруженито на судии.

„Ставањето на црната листа на САД, на било кој судија е сериозен удар за честа и угледот на конкретниот фунцкионер на судската власт. Имајќи го предвид значењето на етичкото однесување и интегритет на судиите кое треба да биде неприкосновено и во согласност, пред се со Уставот и Законите на нашата земја, но и согласно Меѓународните закони и препораките на ЕУ и САД како наши стратешки партнери, Здружението повикува на брзо разрешување на случајот, пред се заради зачувување на независнота и интегритетот на судската фела“, се вели во соопшетнието од Здружението на судии.

Беџети е судијата за кој беше откриено дека девет месеци во фиока го чувал предметот „Таргет Тврдина“ за Мијалков, кој потоа и застаре. Судскиот совет му поведе дисциплинска постапка, го казни со намалување на платата за 20 отсто во траење од неколку месеци.

Во меѓувреме, од Американста амбасада велат дека црната листа не е затворена, и дека на неа ќе се  додадат и други имиња.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.