Aрсовска смени уште еден директор, Умлевски од „Улици и патишта“ веќе не е на чело на претпријатието

Уште еден директор елиминираше градоначалничката на Скопје. Данела Арсовска го разреши директорот на јавното претпријатие „Улици и патишта“, Ванчо Умлевски. Причините за разрешувањето засега не се објавени. Инаку, Умлевски ја извршуваше функцијата само пет месеци. Оваа одлука е дел од низата смени што ги направи Арсовска за време на својот мандат, при што досега разреши над 30 директори на јавни претпријатија и тројца секретари, кои самата ги назначи.